Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЦВ направи проверка во работењето на ТАВ на скопскиот аеродром: Професионално е постапено во инцидентот со Вјоса Османи

АЦВ направи проверка во работењето на ТАВ на скопскиот аеродром: Професионално е постапено во инцидентот со Вјоса Османи


Тимот инспектори на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), предводен од директорот Драги Стојаноски, ги разгледа доказите и изврши вонредна проверка во ТАВ Македонија, во врска со инцидентот со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

АЦВ информира дека при првичниот увид било констатирано дека аеродромските служби одговорни за безбедносни контроли, согласно своите работни обврски, постапиле професионално и ги почитувале правилата утврдени според имплементираните меѓународни прописи, не дозволувајќи да се заобиколат стандардите и процедурата дури и под притисок на лицата кои го придружуваат патникот.

„Доколку службениците во ТАВ Македонија би постапиле поинаку од утврдените правила и би дозволиле пропусти и избегнување на предвидените процедури, би се соочиле со сериозни санкции од Агенцијата за цивилно воздухопловство како орган надлежен за нивното регулирање“, посочуваат од АЦВ.

Бидејќи ова се општоприфатени меѓународни стандарди, доколку некој се сомнева во нивната веродостојност, препорачува истата практика да се примени на некој од европските меѓународни аеродроми, за да се увери во нивната имплементација.


Слично

Поврзани вести