Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЦВ: М-НАВ ГО ПРИЈАВИ НАСТАНОТ, ЌЕ ПОСТАПИМЕ ПО ИСТИОТ - избегнат судир на два авиона над Скопје на почетокот на месецов

АЦВ: М-НАВ ГО ПРИЈАВИ НАСТАНОТ, ЌЕ ПОСТАПИМЕ ПО ИСТИОТ - избегнат судир на два авиона над Скопје на почетокот на месецов

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7 овој месец. 

- Давателот на навигациски услиги М-НАВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот - потврдија денеска за МИА од АЦВ.

Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот. 

- Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик.

Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. 

Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. 

Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина - пишува порталот.

Слично

Поврзани вести