Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ачковска: Можеме да имаме заедничка историја, но мора да бидеме респектирани како македонска нација

Ачковска: Можеме да имаме заедничка историја, но мора да бидеме респектирани како македонска нација

Ние можеме да имаме заедничка историја со Бугарија, но мора да бидеме респектирани како посебен народ, вели професорката по историја и активистката на ГДОМ, Виолета Ачковска. 

Таа очекува признавање на посебноста на македонскиот јазик од Бугарија пред потпишувањето на договорот за добрососедство.

Ачковска додава дека мора да бидеме почитувани како посебен народ со сопствена етногенеза. Вели дека да се каже декларативно дека имаме заедничка историја е многу убаво, истото го имаат и Германија и Франција, но ако на еден Французин му кажете дека е Германец, тогаш тоа  е нешто сосема друго. Порачува дека во име на некаква заедничка историја не смееме да се откажеме од нашиот идентитет. 

„Ние можеме да имаме заедничка историја и со Грција, со Бугарија, со Србија, со цел Балкан можеме да имаме заедничка историја, но мора да бидеме респектирани како македонски народ, како македонска нација со свој посебен јазик, со свои корени“ - вели Ачковска. 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера рече дека Бугарија ќе го прифати македонскиот јазик.

Слично

Поврзани вести