Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ацевски поднесе оставка од СДСМ и порача „исправно е оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство“

Ацевски поднесе оставка од СДСМ и порача „исправно е оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство“

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, Костадин Ацевски, поднесе оставка од својата партиска функција.

Во видео обраќање Ацевски истакна дека верува оти „е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ“.

Тој нагласи дека причините за неговата одлука не се само лошите изборни резултати, туку и, како што рече, „начинот на дејствување“ на раководството во изминатиот период.

– Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. 

Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. 

Не само заради лошите резултати туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период – порача Ацевски.



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести