Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ацевски до Нелоски: Имам трета братучетка во Централен регистар

Ацевски до Нелоски: Имам трета братучетка во Централен регистар

Владимир Нелоски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешната дебата на МТВ1 во емисијата „И што сега?“ со пратеникот од СДСМ, Костадин Ацевски, го праша противникот дали вработил своја братучетка во Централен регистар.

- Колку што знам имам трета братучетка во Централен регистар и јас не сум ја вработил - му одговори Ацевски, инаку пратеник на СДСМ кој доаѓа од Ѓорче Петров.

Во дебатата доминираше расправата за непотизмот и партиските вработувања, а Нелоски тврдеше дека не се само 18 случаи на вработувања на блиски и роднини на министри и пратеници кои ги разгледува Антокорупциска комисија, туку многу повеќе.

На ова Ацевски му одговори дека и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, си ја вработил ќерката во Народна банка и дека се уште работи таму и дека на овој проблем треба да му се пристапи системски.

Во дебатата се полемизираше и за претстојните избори, обвинителство и судството.

Слично

Поврзани вести