Аце Коцевски откри зошто Велес не е украсен за Нова Година
Велес не е украсен предновогодишно, затоа што парите за таа намена ќе се доделат за социјално најзагрозените земејства во градот, откри градоначалникот Аце Коцевски.
Станува збор за 5.000 евра кои општината одлучи наместо да се користат за купување нови новогодишни украси, календари и други промотивни материјали, да ги донира на 100 семејства по 3.000 денари.
Според градоначалникот Аце Коцевски, Општината на ваков начин ќе придонесе сограѓаните да имаат убави и исполнети празници со своите семејства.
-Ќе им овозможиме да ги заборават проблемите и грижите и барем за момент да ја почувствуваат топлината и радоста на празниците, потенцира Коцевски на прес-конференција.
Меѓуопштинскиот центар за социјална работа ќе помогне правилно да се распределат парите на 80 семејства од градот и 20 од населените места во рамките на општината.
