Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абу Даби, Канбера, Венеција: Во кои земји македонските граѓани ќе можат да гласаат на референдумското прашање?

Абу Даби, Канбера, Венеција: Во кои земји македонските граѓани ќе можат да гласаат на референдумското прашање?

Скоро 2768 гласачи на 29 септември ќе може да гласаат на претстојниот референдум.

Од Државната Изборна комисија денеска ги објавија земјите во кои живеат македонски граѓани а кои ќе можат да се изјаснат по референдумското прашање.

- Абу Даби, Анкара, Атина, Белград, Берлин, Берн, Бон, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Вашингтон, Венеција,  Виена, Детроит, Загреб, Истанбул, Канбера,Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мелбурн, Минхен, Њујорк,  Осло, Париз, Подгорица,  Прага, Рим, Софија, Стокхолм, Торонто, Хаг и Чикаго, се градовите каде македонската дијаспора ќе има право да излезе да го искаже ставот за прашањето на референдумот кое веројатно ќе гласи  „Дали сте за европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“.

Имено , денеска Државната изборна комисија ќе одржи седница на која ќе ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластување за набљудување на претстојниот референдум поднесени од Комитетот за отворена демократија, Фондација за спасување на земјата и Набљудувачка мисија за референдумот на ОБСЕ/ОДИХР.

Слично

Поврзани вести