Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аболицијата на Иванов без расправа отфрлена од Уставен суд

Аболицијата на Иванов без расправа отфрлена од Уставен суд

Уставниот суд денеска воопшто не расправаше за уставноста на помилувањата на претседателот Иванов.

Во образложението на судот стои дека иницијативата за оценување на одлуките за помилување се отфрла поради тоа што оспорените одредби повеќе не се дел од правниот поредок.

Иванов во април помилува 56 политичари и нивни соработници и со тоа предизвика револт кој граѓаните го префрлија на улиците ширум земјава.

Меѓутоа, притисокот од домашната и меѓународна заедница го предомисија шефпт на државата, при што најпрво беа повлечени аболициите само за политичарите, а на 6 јуни Иванов ги „прешкрта“ сите помилувања.

Слично

Поврзани вести