Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аболициите на Иванов биле незаконски, вака одлучи Судот во Стразбур

Аболициите на Иванов биле незаконски, вака одлучи Судот во Стразбур

Судот за човекови права во Стразбур донесе одлука за помилувањата на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, кои ја втурнаа во длабока криза државава. Судот донесе одлука дека помилувањата од 12 април 2016 година со повеќе 107 решенија за 56 лица, биле незаконски. 

Заклучокот од одлуката што Европскиот суд за човекови права ја објави денеска, е дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа во политичка криза. 

„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката на судот во Стразбур.

Одлуката била донесена едногласно. Со комората претседавал судија од Норвешка.

Слично

Поврзани вести