„АБЕ СКРОЗ СТЕ ПРОЛУПАЛЕ“: професорката Најчевска со остра критика - „еве јас како граѓанин не сум задоволна“
Професорката Мирајана Најчевска, во свој стил, без „влакна на јазикот“ продолжува со острите критика на изјавите и постапките на владините претставници, исто како што тоа го правеше со претходната владејачка гарнитура, така и сега, по промената на власта.
Таа деновиве постојано ги критикува постапките и изјавите кои следеа по патувањето на спикерот Африм Гаши на свадба во соседно Косово.
- Мицковски бил задоволен од работата на Гаши.
Абе скроз сте пролупале.
Собранието ја контролира извршната власт и кажува дали е задоволно од нејзината работа или не.
Со Гаши можат да бидат задоволни или да не бидат задоволни само пратениците и пред се граѓаните.
Еве, јас како граѓанин не сум задоволна - напиша Најчевска на Фејсбук.
Еве ја нејзината објава:
Таа и претходно ја критикуваше одлуката да се прати спикерот со службен автомобил на приватно патување во Косово, проследено и со обезбедување, и бараше членови од законите кои ќе го потврдат „тврдењето“ на партиските претставници дека е согласно законите во земајва, но такви членови не беа посочени.
По оваа објава, професорката доби бројни коментари, меѓу кои и такви дека поранешниот премиер Никола Груевски избега низ граничните премини од земајва без да биде забележан.
