Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абазовиќ вели дека големите држави имаат можност да палат мали пожари, а ја спомена и Македонија

Абазовиќ вели дека големите држави имаат можност да палат мали пожари, а ја спомена и Македонија

После Украина, на мета се Црна Гора, БиХ и Македонија, вели Дритан Абазовиќ, кој од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го доби мандатот за формирање нова влада.

Тој рече дека е важно Црна Гора да има влада откако владата на премиерот Здравко Кривокапиќ на почетокот на февруари ја загуби довербата на пратениците во црногорскиот парламент.

„Во ситуација на голем конфликт како што е сега, „големите држави имаат можност да палат мали пожари на други места“, посочува Абазовиќ.

Абазовиќ вели дека на глобално ниво Црна Гора може да ја искористи оваа ситуација за да го забрза патот кон полноправно членство во ЕУ.

Откако почна војната во Украина, повеќе земји побараа членство во ЕУ. 

Украина, Грузија, Молдавија и БиХ побараа прием во ЕУ. 

Европската Унија мора да ја преиспита својата политика кон Западен Балкан, инаку на регионот му се заканува понатамошна дестабилизација што може да доведе до обновување на војната, изјави Џералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилизација (ESI), влијателен тинк-тенк од Берлин.

Слично

Поврзани вести