Економија, финансии, бизнис

Контакт

Абази оформи предмет за „бомбите“ на Боки 13

Абази оформи предмет за „бомбите“ на Боки 13

Обвинителот на за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски и кој ќе ги земе „бомбите“ во форман на аудио разговори, видео снимки, транскрипти кои ги понуди одбраната на Боки 13, инаку осуден во случајот „Рекет“.

Од ова Обвинителство потврдуваат дека Абази, според Законот за јавно обвинителство, не бил во можност лично да се сретне како што барал осудениот, туку дека тоа го прават избраните обвинители.

Јовановски преку писмо до јавноста посочи дека станува збор за поднесени докази за сторени кривични дела на личности од политиката, правосудниот систем и бизнис елитата.

„Основниот јавен обвинител постапувајќи по дописот оформи предмет кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител кој е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување. Обвинителството ги охрабрува сите кои имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела истите да ги пријават во обвинителствата согласно нивните надлежности“, потврдуваат од ова Обвинителство.

Пред два дена, Боки 13 испрати писмо до јавноста во кое наведе дека бара да биде изведен пред Ислам Абази, во присуство на неговите адвокати Владимир Туфегџиќ и Сашко Дуковски, за да предаде докази за сторен криминал од највисоки државни структури.


Слично

Поврзани вести