ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

АБАЗИ ДА ГИ ОПРАВДА ТИЕ 2% ДОВЕРБА: Арсовска повика да се постапи по доказите кои ги доставила

АБАЗИ ДА ГИ ОПРАВДА ТИЕ 2% ДОВЕРБА: Арсовска повика да се постапи по доказите кои ги доставила

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го повика шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази да постапи по доказите кои таа ги доставила.

„Го повикувам Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, да ги оправда тие 2% доверба кои ги има обвинителството кај граѓаните и да постапи по доказите за криминал. Во спротивно креира опасен преседан, ќе започнеме сите со капитални проекти за градење безбедни дивоградби и обезбедување гратис станови со џабе вода и џабе струја за оние на кои не им е решено станбеното прашање. И нема да смеат да ни писнат, ни да прашаат од кај се парите“, вели Арсовска.

Таа обвини дека еден од министрите и праќал пораки по дипломатски претставништва да престане да говори до изборите.

„Плус ќе треба да им се извинат на сите кои ги казниле, им срушиле објект или отслужуваат казна за бесправна градба. Затоа што еден од министрите на Владата, секој ден плаче, лаже, манипулира и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, еве повеќе не ве повикувам да постапите. Ве виде народ, се девалвиравте бидејќи не смеете да му писнете на Висар Ганиу“, напиша Арсовска на Фејсбук.

ad
Слично

Поврзани вести