Економија, финансии, бизнис

Контакт

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Алијансата за Албанците денеска реагираше дека претседателот на Собранието од редовите на Алтернатива, Африм Гаши, се фотографирал заедно со Никола Митревски - Кољо, еден од осудениците за упадот во Собранието на 27 април 2017.

Не е познато од која локација е заедничката фотографија, но според објавеното од страна на Митревски, можно е да се работи за настан на кој се прославува денешниот државен празник.

„Ветуваа правда, ветуваа војна против криминалот, но штом ја формираа Владата почнаа со ослободување на сите криминалци од 27 април. За да не биде доволно, челниците на ВЛЕН наместо да го осудуваат тенденциозното ослободување на осудените криминалци, сега слават и се фотографираат со истите.

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска е фотографиран како славеше заедно со Никола Мотревски - Кољо, еден од осудените за настаните од 27 април.

Секој ден паѓаат маските на челниците на ВЛЕН. Докажуваат дека во Владата се само вазали на ВМРО и легитиматори на антиалбанските политики на моноетничката Влада“, реагираат од Алијансата.


Слично

Поврзани вести