А1 он: Филипче се вратил во Грција да го заврши одморот
Министерот за здравство, Венко Филипче, повторно се вратил во Грција за да го заврши прекинатиот одмор, објави А1 он. Во текстот стои дека Филипче потврдил дека е на одмор и дека се враќа вечерва, а од утре ќе биде на работа.
Министерот за здравство и премиерот Зоран Заев заминаа во Грција веднаш по прославата на Илинден на 2 август ден кога избувнаа големи пожари во повеќе делови на државата а најкритично беше во Кочани, каде двајцата дури беа и на увид вечерта. Под притисок на јавноста го прекинаа одморот и се вратија, беа донесени нови мерки кои ќе важат од 16 август, но Филипче пак се вратил да го заврши одморот.
Слично
