Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски јавно на социјалните мрежи го прозва министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за неговата реакција за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Притоа, обвини дека ваков криминал како што се случува во Чаир, се правел и во времето на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.
„Не ми е јасно како само му текна на министерот за прогон Панче Тошковски да каже дека ќе ја разберел Данела ако ова го правела од првата година од мандатот, а не сега.
Браво! За министерот, гонењето на кражбите и криминалот имаат тајминг.
А зошто, министре, не го спомнуваш Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Град Скопје?
Зошто јавна тајна беше дека овие нечесни дејствија се работеа и во негово време?
Впрочем, да не ве учам – си знаете!
Извадете Гугл снимка од 3 март 2011 година, и сè што е изградено потоа во таа општина, проверете:
дали е упишано врз основа на градежна дозвола
или врз основа на легализација?
Ви гарантирам – ќе стигнете до времето на вашиот градоначалник.
А инаку, при апсењето – вие милувате да идете наназад.
Министерот Тошковски рече:
„Добро е секој да си ја работи работата за која зема плата.
Општините да вршат контрола што е дозволено и што не е со закон.
Добро е тоа да го прават од почеток, континуирано, цел мандат.“
Ова ли е истиот човек што поднесуваше кривични пријави за поставување урбана опрема во Крива Паланка?
Ова ли е истиот што се колнеше дека правдата нема да заобиколи никого?
Знаете ли колку чини украдено државно земјиште?
Од продажбата:
– 40% зема општината
– 40% градот
– 20% државата
Од комуналиите:
– 40% општината
– 60% градот
Значи зборуваме за организиран криминал:
инвеститори, изведувачи, локални власти, органи на прогон.
Ова веќе го вклучува и Министерството за внатрешни работи.
Не може да кажат дека не знаеле!
А буџетот на државата – директно оштетен со огромни суми.
Тешко нас.
Тие не ја бранат државата.
А што остана за нас – граѓаните?
И конечно – советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Прво сами ставија точка на дневен ред за да се дискутира за дивоградбите во Сарај.
Кога градоначалничката Арсова им ја прифати, сфатија дека таа е подготвена и ќе направи масакр за Чаир.
И оп! Цурик!
Се откажаа од точката на дневен ред.
Се откажаа од дискусија за дивоградби на државно земјиште и за милијарди не платени комуналии.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од осуда на директна штета по Буџетот на Град Скопје, од кој месечно земаат убава паушала.
Што би рекле – вмровска посла“, напиша тој на социјалните мрежи.