А што е толку тешко да се стави маска - дури 466 прекршоци открило МВР за едно деноноќие
И покрај големиот ризик што го носи коронавирусот, граѓаните никако не сакаат да носат маски.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (05/06.09.2020) на територијата на земјава, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 466 прекршоци.
„Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.“, се вели во соопштението од плицијата.
Слично
