„А МЕНЕ МЕ ОБВИНУВАА ДЕКА ЛАЖНО СУМ СЕ ПРЕТСТАВУВАЛА КОГА ИЗВРШУВАВ РАБОТИ ЗА КОИ БЕВ ПЛАТЕНА ОД ДРЖАВАТА“: Се огласи Најчевска, еве што порача
Партиските препукувања меѓу владејачката и опозициската партија никако да запрат. Последно во низата е препукувањето помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваат, за децата на Ковачевски и Мицкоски и за тоа чие дете било на државен трошок на официјално државно патување.
По тој повод се огласи професорката Мирјана Најчевска, која побара од функционерите да престанат да ја третираат државата како фамилијарен вилает.
„Да престанат функционерите да ја третираат државата како фамилијарен вилает.
А мене ме обвинија дека лажно сум се претставувала во моментот кога извршував задачи за кои бев платена од државата и кои се во описот на мои обврски како сопруга на амбасадор.“, напиша таа на фејсбук.
Слично
