Економија, финансии, бизнис

Контакт

А КОЈ ЌЕ ГИ ИСКОНТРОЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО ШТАНЦАА/Т ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДЕЊЕ И ОПШТИНИТЕ ГИ ЗАТРУПАА СО ЗГРАДИ? Трајковска со жестока реакција

А КОЈ ЌЕ ГИ ИСКОНТРОЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО ШТАНЦАА/Т ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДЕЊЕ И ОПШТИНИТЕ ГИ ЗАТРУПАА СО ЗГРАДИ? Трајковска со жестока реакција

А кој ќе ги исконтролира градоначалниците што штанцаа/т дозволи за градење и општините ги затрупаа со згради - правдајќи се дека треба да се зема плата, ама и аванта?! Кој ќе им каже дека на многу улици не може да помине пожарна, дека нема основни услови за евакуација, дека уличните хидранти или не работат или ги нема, дека заради паркираните возила не може ни Брза помош да дојде до влез?!, вели во реакција на социјалните мрежи Жанета Трајковска, активистка за човекови права и остар критичар на негативните општествени појави. 

„Или тоа не е важно?!

А кој ќе ги исконтролира инспекторите што мижеле и мижат речиси за се и ќе ги праша кај беа до сега!?

Секако дека градоначалниците не знаат ниту за една дозвола без оглед дали е за градње, кафена или дискотека, нит знаат за (не)работењето на инспекторите во сопствената општина, а и секако врска немаат како им личи општината, оти тие гледаат во иднината - ама сопствената!“, вели таа.


Слично

Поврзани вести