Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ѕанакопулос убедува дека нема пртисок врз Грција во спорот со името

Ѕанакопулос убедува дека нема пртисок врз Грција во спорот со името

Во овој момент треба да разбереме дека врз Грција нема никаков притисок во однос на прашањето за името.

Ова како јави дописникот на МИА од Атаина го истакнал портпаролот на грчката влада Димитрос Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ

„Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро и за двете земји, но и за Балканот во целост, бидејќи ќе ја промовира, ќе ја зацврсти стабилноста во поширокиот регион, рекол Димитрос Ѕанакопулос.

 Ѕанакопулос вели дека треба да се почека, да се види крајниот предлог за решение, па дури потоа да се коментира ставот на коалициониот партнер во владата на Ципрас Панос Каменос.

Слично

Поврзани вести