Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обележјето на Горан Пандев е украдено две години, ќе се поставува ново

Обележјето на Горан Пандев е украдено две години, ќе се поставува ново

Општина Струмица информира дека нова бакарна ѕвезда посветена на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе биде повторно поставена на плоштадот „Гоце Делчев“ кога истиот ќе се реконструира..

Градежниот гигант „Гранит“ со кого локалната самоуправа има договор за реконструирање од март, треба да изработи и нова ѕвезда посветена на капитенот на македонската фудбалска репрезентација.

Непознати сторители во ноември 2018 ја откорнаа и украдоа ѕвездата која ја постави општината во 2010 година, кога Пандев со Интер ги освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, во знак на благодарност за афирмација на градот Струмица.

Од тогаш крадците не се пронајдени, а местото стои празно без ново обележје повеќе од две години.


Слично

Поврзани вести