99 ГРАЃАНИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД, А ПРИМИЛЕ ТРЕТА ДОЗА: Ниту еден не е хоспитализиран
Во изминатиов
период, 99 луѓе кои ја примиле и третата доза од вакцината против корона
вирусот се позитивни на ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко
Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
-Инфекцијата кај овие граѓани е дијагностицирана 4 до 5 дена по вакцинацијата со третата доза од вакцината, а нема ниту еден хоспитализиран пациент кој примил бустер доза. За жал има еден починат пациент кој ја примил третата доза, но станува збор за човек кој бил во исклучително тешка здравствена состојба поради други болести, рече министерот.
Уште еднаш нагласи дека единствено вакцината на Фајзер е препорачана како трета доза и се прима шест месеци по целосната вакцинација и тоа со сите вакцини, освен кинеските. Оние кои се вакцинирале со Синофарм и со Синовак, како што посебно нагласи Филипче, бустер дозата се препорачува да се прими три месеци по вакцинацијата со двете дози.
А.Б.
