Економија, финансии, бизнис

Контакт

9 Мај, Ден на Европа, мирот и единството, Македонија на европскиот пат?!

9 Мај, Ден на Европа, мирот и единството, Македонија на европскиот пат?!

Сите истражувања на јавното мислење покажуваат дека мнозинството од граѓаните на Македонија безрезервно го поддржуваат членството на државата во евроатлантските институции. Оттука, силната посветеност на Владата кон забрзувањето на овие процеси е разбирлива, посебно што истите воопшто не се заемно исклучиви со внатрешните реформи, туку само ги олеснуваат и забрзуваат реформите- вели за денот на  Европа, Кристијан Фидановски, член на  Младите европски федералисти, ЏЕФ Македонија.

“Во оваа насока, македонскиот огранок на Младите европски федералисти целосно ги поддржува интензивните напори за што поскоро решавање на спорот со името, притоа истакнувајќи ја важноста од изнаоѓање решение што ќе наиде на поддршка од мнозинството од граѓаните”-вели Фидановски.

Како организација што ги застапува и промовира европските вредности во Македонија,вели дека  оценуваат дека неодамнешниот позитивен извештај од Европската комисија беше силна потврда за европската перспектива на Македонија.

“Притоа, една од најважните напомени во извештајот беше неопходноста од динство помеѓу сите политички чинители при реализацијата на реформските процеси”- додава Фидановски.

На европскиот ден и во пресрет на засилените дипломатски средби за изнаоѓање на решенија порачува дека е потребна  директна вклученост на младите во креирањето на политиките и политичката ангажираност  бидејќи се основа за прогрес на демократските заедници кои постојано се унапредуваат.

Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9-ти мај, го слави мирот и единството во Европа.  На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 год., Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи.

Слично

Поврзани вести