Економија, финансии, бизнис

Контакт

9. МАЈ – ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ: Во Москва дефилираат 12.500 војници, денот одбележан и во Македонија

9. МАЈ – ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ: Во Москва дефилираат 12.500 војници, денот одбележан и во Македонија

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска, по повод 9.мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот изјави дека победата е од колосална важност.

„Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ“, рече Путин повикувајќи на едноминутно молчење за жртвите.

Паради по повод победата над фашизмот ќе се одржат денеска во 27 руски градови.

Почетокот на парадата во Москва беше обележан со камбаните на кулата Спасител на Црвениот плоштад, а предводеше врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Салjуков. На Црвениот плоштад денеска дефилираат 12.500 војници и 190 единици оружје, воена и специјална опрема и 76 авиони и хеликоптери.

Во Македонија, владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

-Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот, се наведува во соопштението.

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓи заедниците, г. Артан Груби, пак, денеска учествуваше во панел дискусијата на тема Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската Унија”.

-Денешниот 9. мај не наоѓа на 20 годишнината од Охридскиот Рамковен Договор и на 30 годишнината од независноста на нашата заедничка држава. Два моменти на длабока општествена трансформација, колку што се одвоени, толку се сплотени, моменти на еден национален, регионален и европски 9 мај. Независноста со двоумење од систем на едноумие во плуралистички
систем проследено со наследеното размислување, наследената логика на поранешниот систем ја попречи правилната општествена трансформација поради импровизацијата и отсуството на храброста за конечно и целосно заокружување на една вистинска независност, еднаква за сите. „Светскиот мир не може да се зачува без креативни напори сразмерни на големината на заканата„ ќе рече во 1950 година францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во неговиот историски говор, камен темелник во создавање на Европските заедници а и Европската унија. Охридскиот мировен договор е навистина нашата сразмерна креативност за мир, рамноправност и благосостојба за сите. Нашите скорешни предци закаснија цела една деценија за да го направат квантниот скок сразмерен на големината на заканата на не-еднаквоста, и поделбите, но сепак тоа се постигна од храбри и визионерски лидери кои што го свртија новиот лист на нашата четврта независност, по таа во 1991 година, 1945 година, и 1903 година, и пред петата во 2020 година со зачленувањето во НАТО, а сите заедно во очекување на конечната со станувањето дел на Европската Унија, вели Груби во својот говор.


Слично

Поврзани вести