Економија, финансии, бизнис

Контакт

862 лица од дијаспората се пријавиле во ДИК за гласање на референдумот

862 лица од дијаспората се пријавиле во ДИК за гласање на референдумот

 До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 72, во Лондон - 69, во Торонто - 57, Љубљана - 48 и Канбера - 36.

Податоците се до денеска до 13:00 часот, а пријавите се поднесуваат преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk. 

Јавен увид во во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК до вчера направиле 1.967 граѓани. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 295, Струмица - 148, во Радовиш - 128 и во Прилеп - 104


Слично

Поврзани вести