81-годишна жена тешко повредена откако во неа удрил автобус на Партизанска
Осумдесет и едногодишна жена од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Партизански Одреди“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена на 28 април 2026 година во 18:10 часот во СВР Скопје. Во жената удрил автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, кој сообраќал на градската линија број 12. Автобусот го управувал 61-годишен возач од скопското село Грчец.
Повредената жена била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.
Целото соопштение на МВР:
„На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од с.Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.“
Слично
