Економија, финансии, бизнис

Контакт

„8 Септември“ од денеска ќе прима ковид-пациенти, се активира и модуларната болница на Инфективно

„8 Септември“ од денеска ќе прима ковид-пациенти, се активира и модуларната болница на Инфективно

Од денеска „8 Септември“ повторно ќе прима пациенти заболени од ковид, а се активира и модуларната болница кај Клиниката за инфективни болести.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по состанокот кој утрово го одржа заедно со директорите на клиниките.

„Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС. Во моментов се прави менаџирање на здравствен персонал според потребите на клиниките“, објави министерот.

Тој додаде дека е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на четвртиот еппидемиолошки бран со самото прифаќање на вакцинацијата. 

„Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес. Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет.“, додаде тој.

Слично

Поврзани вести