Економија, финансии, бизнис

Контакт

8 септември ќе се слави во слободна Македонија

8 септември ќе се слави во слободна Македонија

Владата на Република Македонија која ја организира централната прослава за 8 септември денот на независноста одбра да го направи тоа под мотото „Македонија слободна, слободно живее“. 

Овој стих од македонската химна и не е случајно одбран бидејќи ги содржи двата клучни елементи за кои СДСМ но, и сите партии, граѓани, организации и активисти се залагаа во изминатиот период. Да дојде до „ослободување“ по една долга политичка криза окаректеризирана како најтешката во досегашната историја на независна Македонија за што многумина го обвинуваа „режимот“ на Груевски и секако, симболиката на враќањето на „животот“ по изборите што беше слоган на СДСМ но, и давањето политичка насока дека минатото е зад нас и треба да се мисли на идниот период во кој нацијата треба да заздравува и да работи на реформи и подобро утре. 

Од Владата посочија дека прославата ќе има скромен буџет за овогодинешната прослава, а истата започнува уште денеска од 17:30 часот. Во музичкиот дел ќе настапат Бени Шаќири, Влатко Стефановски, Љубојна, К’пурдат од Тетово, Шутка Рома Рап и хип хоп артистот Слаткар.

Слично

Поврзани вести