Економија, финансии, бизнис

Контакт

„8 Март не е 'среќен' додека има жени што живеат во страв, неправда и тишина“: Зајкова вели не е време за честитки

„8 Март не е 'среќен' додека има жени што живеат во страв, неправда и тишина“: Зајкова вели не е време за честитки

8ми Март не е ден за цвеќиња и честитки. Ниту пак е ден за раскажување приказни за личните успеси и кариери.

8 Март е борба за правата, безбедноста и мирот на секоја жена. За еднаква плата со колегите мажи. За слободно планирање на семејство, без страв дека ќе бидеш отпуштена или заменета засекогаш кога ќе забремениш.
Ова го истакна денеска Моника Зајкова, пратеничка и лидерка на Либерално-демократска партија (ЛДП).

- За мајките што земаат неплатено затоа што нема место во градинките. За жените жртви на семејно насилство што институциите не ги заштитуваат. За силуваните кои системот ги остава сами.

И за жените што живеат во војни и ги носат најтешките последици од нив.

8 Март не е „среќен“ додека има жени што живеат во страв, неправда и тишина.

Додека и една жена нема мир, не е заштитена и живее неправда— нема честитање - нагласи Зајкова




Слично

Поврзани вести