76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието
Африм Гаши од Алтернатива денеска е избран за претседател на Собранието.
За гласаа 76 пратеници, против беа 6, а воздржани немаше. Гаши даде и свечена заклетва пред пратениците. Пратениците на Левица го критикуваа предлогот Гаши да биде собраниски спикер.
„Денес кога ја прифаќам одговорност да го водам ова Собрание морам да изразам длабока благодарност до гласачите кои ни дадоа мандат да бидеме нивни претставници“, рече Гаши.
Кажа дека како претседател на Собранието ќе влијание ниту еден пратеник да не се чувствува дискриминиран.
„Мора да покажеме дека имаме зрелост да почитуваме различни мислења“, додаде Гаши.
Вели дека имаат златна можност да придонесат за враќање на луѓето од странство преку подобрување на стандардот. Повика на единство во интерес на граѓаните.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги обвини пратениците од Левица дека се однесувале како во реалити шоу и дека навредувале со очекување дека и другите ќе покажат агресивно однесување како нив.
