Економија, финансии, бизнис

Контакт

700 илјади евра од ИПА за проекти во Струмица

700 илјади евра од ИПА за проекти во Струмица
700 илјади евра грант доби општина Струмица за три проекти со кои конкурираше на вториот повик од ИПА-Програмата за прекугранична соработка. Градоначалникот Зоран Заев го претстави третиот проект „Изградба на трим-патека во Банско“, во кој партнер е регионот на Северна Грција. Како што информираше тој, за реализација на овој проект од ИПА-фондовите биле одобрени 134,5 илјади евра. Трим-патеката во Банско е долга 604 метри и ќе се протега од центарот на селото до хотелот „Цар Самуил” и кружно ќе ги поврзува најзначајните културно-историски и туристички обележја на Банско. Покрај за трим патеката во Банско, со доделените 700 илјади евра ќе треба да се рализираат и останатите два проекти „Енергетски ефикасно и енергетски независно училиште Сандо Масев” и „Реставрација и козервација на бедемите на Цреви Кули“.
Слично

Поврзани вести