7 мај - неработен ден, Заев ќе оди кај Иванов на Водно
7-ми мај ќе биде прогласен за неработен ден, а премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно ќе го пречекаат Папата Франциск на скопскиот аеродром при неговата еднодневна посета на Македонија.
Поседните информации велат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде примен само во претседателската резиденција на Иванов на Водно, а таму ќе биде и премиерот Заев.
Франциск треба да слета во 8:30 часот од Софија и ќе биде пречекан со највисоки почести.
Безбедноста за време на престојот на папата во Скопје ќе биде од највисок прв степен а а се планира втобусите на ЈСП тој ден да возат бесплатно.
Најверојатно ќе има и бесплатни возови за оние од внатрешноста кои ќе сакаат да дојдат во Скопје за да присуствуваат на литургијата на папата на плоштадот во Скопје.
Слично
