Економија, финансии, бизнис

Контакт

За реконструкција на училишните сали Аеродром потроши 30 милиони денари

За реконструкција на училишните сали Аеродром потроши 30 милиони денари
Заврши реконструкцијата на спортските сали во шест основни училишта во Аеродром. Денеска тие и официјално беа пуштени во употреба. Како што изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски , со оваа крупна инвестиција основните училишта целосно се модернизираа, а учениците добија соодветни услови за спортување на местата каде што го челичат своето здравје, Во рамки на проектот за реконструкција на спортските сали беа опфатени и соблекувалните, како и просториите за реквизити. Реконструирани се покривите во дел од салите,  променета е внатрешната столарија и санитарните јазли, има заштитни решетки на прозорците. Целиот  проект чинеше околу 30 милиони денари од општинскиот буџет на Аеродром.
Слично

Поврзани вести