Економија, финансии, бизнис

Контакт

67-годишна жена е спасена од водите на Вардар

67-годишна жена е спасена од водите на Вардар

Полицајци спасија 67-годишна жена од водите на Вардар.

Таа е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“. Полицијата реагирала во 10:16 часот, по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје. Полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош и е однесена во болница, каде не и се констатирани повреди.

Инаку, денеска тело на маж е најдено во водите на Вардар кај Гостивар. 

Слично

Поврзани вести