6.500 ДЕНАРИ ПО АКЦИЈА: Современ дом и ЗСФ на Фатмир Етеми доставиле понуда за целосно преземање на Скопски пазар
Две компании доставиле вчера известување со намера за преземање на Скопски пазар, известија денеска на берзата трите друштва. Станува збор за Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.
Во намерата за преземање стои дека даваат понуда за преземање на сите обични акции и тоа по цена од 6.500 денари по акција.
Современ дом и ЗСФ - КОМ се двата најголеми акционери во Скопски пазар кои лани како најголеми акционери ги здружија силите во компанијата и по повеќе од десетгодишно владеење ги сменија браќата Давитковски. Двата големи акционери заедно формираа нов надзорен и нов управен одбор.
Скопски пазар“ управува со 13 зелени пазари во Скопје и со еден сточен пазар со капацитет од околу 2.900 продажни места-тезги, располага со деловен простор претежно наменет за издавање со вкупна површина од околу 58.000 квадратни метри.
