Економија, финансии, бизнис

Контакт

600 затвореници не можеа да гласаат или поради недостиг на документи или што ги нема на список

600 затвореници не можеа да гласаат или поради недостиг на документи или што ги нема на список

Повеќе од 600 односно 30 проценти од затворениците не можеле да го остварат своето право на глас, бидејќи немале важечки биометриски документи, а дел од нив ги немало ниту на избирачкиот список. 

Од затворот велат дека оваа година на овие избори има дури и повеќе затвореници на списокот во споредба со претходните кога имало само 500 гласачи. Но, проблемот останува во продолжување на биометриските лични карти кои се истечени. 
Дел од затворениците не ги поседувале кај себе туку тие се во управата која според претставниците од кај Народниот правобранител била должна да им каже на затворениците дека со мобилни екипи од МВР може да им се подготват документи
Увид во гласањето направија и од кај Народниот правобранител и констатираа дека неколкумина затвореници се пожалиле дека имаат важечки документи, но ги нема на списокот. 


Слично

Поврзани вести