60 лица од Брвеница бараат медицинска помош, се сомневаат дека се отруени од водата за пиење
Шеесет лица во последните 24 часа во селото Брвеница во истата општина, побарале лекарска помош, како резултат на труење што го претрпеле од системот за водоснабдување.
Алсат ТВ јавува дека пумпата била пропадната од пред неколку дена. Симптоми на кои се жалат жителите се дијареја, повраќање и болки во стомакот.
Градоначалникот на Брвеница признал дека имало дефект во пумпата за вода, по што било замолено Институтот за јавно здравје да земе примероци, додека денес се очекува резултатите од водата да покажат за што точно станува збор.
Слично
