Економија, финансии, бизнис

Контакт

5 нови детски игралишта во Бутел

5 нови детски игралишта во Бутел
Во општина Бутел заврши изградбата на пет детски игралишта, наменети за најмладите жители на општината. Првото игралиште се наоѓа во н. Радишани, веднаш до спортската сала ,,Иван Хаџи Николов, каде што забавното игралиште е опремено со тобоган, клацкалки, лулашки, метален мост, односно лак и четири клупи за седење. Заради конфигурацијата на теренот изграден е потпрен ѕид со жардињери и посебна патека со пристапна рампа. Второто игралиште се наоѓа во населеното место ,,Љуботенски Пат“, а останатите две во населбата Бутел 1. Последното игралиште е изградено во Радишани, покрај реката Серава. Сите пет игралишта добија и нова електрична инсталација, со што е овозможено забавата да трае и во вечерните часови. Средствата за овој проект во висина од околу 3 милиони денари, се обезбедени од буџетот на општина Бутел, а изведувач на работите е фирмата ,,Голдирен,, од Скопје.  
Слично

Поврзани вести