„45 ЕВРА ЗА УГУШУВАЊЕ КРСТОСНИЦА“: ќе има казни ако стоите на сред крстосница, иако сте поминале на зелено
Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова, според Скопје1, веќе го потврдил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
- Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. Возачите ќе бидат должни однапред да направат проценка дали има услови безбедно да ја поминат крстосницата, дури и кога семафорот покажува зелено светло - се појаснува во објавата.
Во тест-периодот биле евидентирани ситуации во кои камерите регистрирале поминување на црвено, иако возилото влегло на зелено светло.
Надлежните информираат дека системот е прилагоден и дека ваквите случаи повеќе нема да се третираат како поминување на црвено, туку како таканаречено „угушување“ на крстосница.
Фото: Архива
Слично
