Економија, финансии, бизнис

Контакт

42,2 отсто од Карпошани би гласале за Богоев, 31,4 отсто за Јакимовски

42,2 отсто од Карпошани би гласале за Богоев, 31,4 отсто за Јакимовски

Кандидатот на СДСМ за градоначалник во општина Карпош Стефан Богоев има предност од речиси 10 отсто наспроти актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски .

Овој резултат произлегува од анкетата на Агенција Рејтинг за потребите на Фокус.

42,2 отсто од Карпошани ако утре има избори гласот би го дале за Богоев, додека 31,4 отсто би гласале за Јакимовски .

Кампањите на двајцата кандидати досега третираат претежно различни теми. Додека Богоев е фокусиран на урбанистичкото планирање и зеленилата, Јакимовски ја темели кампањата на реализираните проекти и ветувањата на нови проекти но и финансиска поддршка за жителите на Карпош за различни работи, пренесе Фокус.

Според оваа анкета СДСМ ќе има убедливо мнозинство и на листата за советници. Резултатите покажуваат речиси двојна предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, односно 38,7 отсто на 21,2 отсто. 

Слично

Поврзани вести