„4 ЈУЛИ НЕ Е САМО ДАТУМ КОГА СЕ УДРИЈА ТЕМЕЛИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ДРЖАВНОСТ“: Ванковска со остра забелешка, има и друго значење овој датум
Професорката Билјана Ванковска со остра критика кон претседателката Гордана Силјановска Давкова за одбележувањето на денот на независнсота на Соединетите Американски Држави.
По објавата со честитка од страна на кабинетот на претседателката по повод овој значаен ден за САД, Ванковска со потсетување за значењето на независноста на САД, но воедно укажа и дека денеска светот поинаку ја доживува оваа светска економска и воена сила.
А згора на тоа, потенцираше дека во нашата историја на истиот датум има многу значаен празник кој би требало поревносно да го славиме оти има голем придонес за денешна осамостоена Македонија.
- СИЛЈАНОВСКА-Давкова:
“4 Јули 1776 не е само датум и година кога со Декларацијата за независност се удрија темелите на американската државност, туку и симбол на слободата, еднаквоста, човековите права и достоинството како универзални вредности коишто и денес го инспирираат демократскиот свет!”
