4 чекори за побрзо чистење на секој простор со Samsung Bespoke Jet
Сезоната на забави официјално е започната! Има ли нешто подобро од домашна празнична забава во кругот на најблиските пријатели? Сепак, танцот до зори, богатата трпеза и крзнените малечки гости знаат да остават апсолутен хаос и неред. Смоки и чипс на подот, конфети и мал милион ситници ќе не пречекаат за добро утро. Мамурни и под импресии, треба да се фрлиме на работа.
Чистотата на домот е на прво место за сите па мамурни или не немаме друг избор освен да ги засукаме ракавите и да се фрлиме на работа. За процесот да биде полесен, побезболен и несомнено побрз, тука е вашиот најдобар пријател - правосмукалката Bespoke Jet Complete на компанијата Samsung Electronics.
Со својот врвен држач „All-in-One Clean Station“, правосмукалката автоматски се празни и се полни по секоја употреба. Уникатната технологија Air Pulse на Samsung го чисти резервоарот и гарантира дека ситната прашина и честичките не излегуваат од самата машина назад во вашиот дом. Напредниот систем на филтрација задржува 99,99 проценти од ситната прашина, додека повеќеслојниот систем за филтрирање работи дури и за време на чистењето. Со Bespoke Jet Complete можете лесно да дишете знаејќи дека само чист воздух излегува од вашата правосмукалка.
Голема моќ за чистење на голем неред
Чистењето на вашиот дом може да биде дополнителна работа ако треба да го правите повеќе пати и подолго. Ако не сте исчистиле со правосмукалка подолго време, потребен ви е моќен уред за ефикасно чистење одеднаш.
Bespoke Jet е дизајниран со моќен дигитален инвертер мотор со моќност на вшмукување до 210 W. Струјната структура на Jet Cyclone се наоѓа внатре и максимално ја користимоќта на вшмукување за ефикасно собирање на честичките од прашина од почетокот до крајот на процесот на чистење, притоа минимизирајќи го отпадот и елиминирајќи ја потребата да се чисти истиотдел од просторот повеќе пати.
Сè што треба да направите за деловитена кои треба да им обрнете повеќе внимание, е да ја поставите моќноста на максимум и лесно да чистите.

Шампион за лесно чистење зад домашните миленици
Бркањето низ дома со вашето домашно милениче е секогаш забавно, но чистењето по него во секоја соба од домот често предизвикува болки во грбот и вратот.
Чистењето на влакна со правосмукалка е дел од секојдневната рутина на секој сопственик на домашно милениче, а тоа е особено важно за оние кои страдаат од алергии. Покрај тоа, со порастот на сезонските алергени, недостатокот на темелно чистење може да резултира со неоптимални услови за живот.
За да се олесни ова, неопходно е секој сопственик на домашно милениче да има лесна правосмукалка која може да стигне до сите агли на домот, исто како и вашите миленици. Чистењето од место до место е полесно со правосмукалката Bespoke Jet, благодарение на нејзиниот дизајн и тежина од само 1,44 kg, што ја прави 24 проценти полесна од другите правосмукалки. Лесно се лизга по подот, преку теписи, под каучи, па дури и позади маси, без оптоварување на грбот.
Дополнителниот додаток за четка е уште еден начин да се ослободиме од маката од чистење зад нашите влакнести миленичиња. Сега можете да поминувате повеќе време играјќи си со вашите миленици со помалку стрес за нередот што го оставаат зад себе.

Чистење кое одзема многу време, а вие го немате
Општи препораки за чистење на најчесто користените простории во домот се тоа да се прави еднаш неделно, при што секоја сесија на чистење со правосмукалката варира од неколку минути до неколку часа, во зависност од големината на просторот. И токму за оние долги сесии за чистење, правосмукалката Bespoke Jet Completeе дизајнирана да биде издржлива и ефикасна.
Да речеме дека очекувате гости и треба брзо да ја исчистите целата куќа. Долготрајната батерија што може да се одвојува, гарантира дека сте секогаш подготвенибез разлика на обемот на работата. Целосното полнење ви овозможува да чистите еден час, а батеријата што може да се откачи значи дека можете да го удвоите времето за чистење со брзо менување - нема време за запирање и полнење.
Убави додатоци за сјај
Нема ништо слично како претпразничните декемвриски собири дома со храна, пијалоци и пријатели, но истурениот пијалок може да ја намали убавината на овие доживувања. Благодарение на ротирачкото средство за чистење на правосмукалката Bespoke Jet Complete, можете да ги отстраните сите излевања во рекордно време. Ова значи дека нема потреба од џогер, кофа или други гаџети за чистење.
Двојните влажни влошки кои се вртат 260 пати во минута се идеални за тврди подови и ќе ве ослободат од бактериите. Вградениот резервоар за вода може да помогне и со какви било лепливи течности. Плус, ако не сте сигурни како да го исчистите нередот, вградениот LCD дигитален дисплеј на Bespoke Jet ви ги дава сите потребни информации. Иконите на екранот не само што ве предупредуваат за проблем, туку ве водат и до решението, без разлика дали се работи за затнат систем, предмети заглавени во четката или филтер што недостасува. Со поддршка за 28 јазици, можете исто така да ги следите нивоата на чистење што ги користите, па дури и преостанатата енергија од батеријата.
За надминување на сите пречки при чистењето оваа сезона, погрижете сеBespoke Jet да биде ваш партнер. Пронајдете повеќе информации за оваа иновативна правосмукалка на линкот: https://www.samsung.com/mk/vacuum-cleaners/bespoke-jet/
ПР објава