364 ПАЦИЕНТИ СО КОВИД СМЕСТЕНИ ВО БОЛНИЦИТЕ ШИРУМ ЗЕМЈАВА: Детската „Козле“ од утре ќе прима и возрасни заразени со вирусот
До утринава, само
во ГОБ „8 Септември“ се примени 20 новозаразени пациенти со корона вирусот и
оваа болничка установа во земјава има најголем број хоспитализирани пациенти,
вкупно 133, од кои петтмина имаат тешка клиничка слика и потреба од
респиратори.
Според директорката на Клиниката за инфективни болести пак, д-р. Милена Стевановиќ, во последново деноноќие се примени 9 нови пациенти, со што бројот сега изнесува 101.
-Извештајот од Инфективната клиника за 20. јуни вели дека до утринава имаме 9 нови пациенти, 7 се испишани, па така вкупниот број сега е 101. Капацитетот во монтажната болница не е пополнет, бидејќи таму се сместени 10 пациенти. Ниту еден од хоспитализираните не е на механичка вентилација, додека на кислородна поддршка имаме 46 пациенти, потврди д-р. Стевановиќ.
Инаку, од утре
веќе и Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“ почнува да
функционира како Ковид-центар за возрасни.
Утринава Фактор прв ја објави информацијата, наведувајќи дека болницата е веќе празна. Децата кои имаат потреба се уште од хоспитализација, се префрлени на Клиниката за детски болести, а остануваат само три кои чекаат резултати од ковид-тестовите.
Според изјавата на директорот, д-р. Ангелчо Андоновски, детската болница Козле и понатаму останува тријажен центар за Ковид за сите суспектни деца, како и за оние кои се веќе потврдени со присутсво на вирусот.
Таму ќе се лекуваат 60-ттина возрасни пациенти со полесна клиничка слика и уште 15-ттина деца.
Истовремено, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти, а во болницата во Штип 19 пациенти, додека вкупниот број на пациенти со корона вирусот или пак за сега суспектни на Ковид се 76 на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп.
Анита Буховски