Економија, финансии, бизнис

Контакт

360 степени: Лажна е веста дека по предлог на партијата на Петков бугарскиот парламент ќе гласа декларација за Илинден

360 степени: Лажна е веста дека по предлог на партијата на Петков бугарскиот парламент ќе гласа декларација за Илинден

Според деловникот на бугарското собрание, секоја пратеничка група, пред формалниот почеток на седницата има можност, односно има право, во рамки на својот политички интерес, да даде усна изјава (декларација) во траење од неколку минути. Тоа во превод на македонски јазик значи да изнесат став, да се обратат пред колегите со свои видувања за одреден настан, за одредена тема или случување.

Не се работи за декларација како писмен документ, како акт за кој се гласа, туку за изјава, обраќање на еден пратеник или парламентарна група, без никакви консеквенци, освен за политички профит на тие што ја даваат, пишува 360 степени. 

„360 степени“ ја следеше и информираше за последната седница на бугарскиот парламент која се одржа пред три дена, на 20 јули.

Често пати, таа востановена практика се користи за коментирање на активностите на опонентите, но неретко, во денови кога се чествуваат празници или се одбележуваат значајни имиња од историјата, се даваат „декларации“ со пригодна нота.

Бугарија, како и Македонија го празнува Илинден. За разлика од нас, тие овој празник, кој го нарекуваат Ден на Илинденското преображенско востание го одбележуваат на 20 јули (по стариот календар). Токму истиот ден се одржуваше седница на парламентот (на овој линк е видеото од директниот пренос на седницата).

фото: Десислава Кулелиева, БНТ

Слично

Поврзани вести