Економија, финансии, бизнис

Контакт

30.000 евра за тродимензионално снимање на фасадите на ГТЦ!

30.000 евра за тродимензионално снимање на фасадите на ГТЦ!
Агенцијата за катастар на недвижности ќе и плати безмалку 30.000 евра за архитектонски услуги на „Гео Видл Мак“ ДОО од Скопје, друштво за трговија и деловни услуги. Оваа компанија во следните три месеци ќе треба да направи тродимензионално снимање на фасадите на Градски трговски центар во Скопје, вклучително со трите згради кои се издигнуваат од површината на која што е изграден ГТЦ. Според објавата на Бирото за јавни набавки, Агенцијата за катастaр добила три понуди, од кои онаа на „Гео вилд мак“ била најповолна. Највисоката понуда за тродимензионалното снимање на фасадите на ГТЦ била дури 75.000 евра.
Слично

Поврзани вести