Економија, финансии, бизнис

Контакт

27 НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ: Во кои општини се кандидираат да станат градски татковци?

27 НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ: Во кои општини се кандидираат да станат градски татковци?

Од Државната изборна комисија (ДИК) денеска информираа дека потребниот број потписи ги собрале 27 независни кандидати за градоначалник и 47 листи на кандидати за членови на советите. 

Рокот за собирање потписи за независни кандидатури заврши синоќа на полноќ, а потписи собираа 27 кандидати за градоначалници во 16 општини и 48 листи на советници во 21 општина.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска изјави дека потписи на листи на кандидати за градоначалник се собрани за 22 општини и тоа Битола, Брвеница, Валандово, Вевчани, Градско, Дебарца, Дојран, Зрновци, Кавадарци, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Центар, Чашка и Чучер Сандево.

Потписи за листи на кандидати за членови на Совет се собрани во 27 општини и тоа Битола, Богданци, Гевгелија, Градско, Дебарца, Дојран, Долнени, Зрновци, Кавадарци, Карбинци, Кичево, Кочани, Кривогаштани, Крушево, Маврово и Ростуше, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Охрид, Петровец, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Старо Нагоричане, Чучер Сандево и Штип.

Рокот за поднесуваање на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите завршува на 14 септември на полноќ, а досега нема поднесено ниту една кандидатура за локалните избори 2017 закажани за 15 октомври.

Јавниот увид во избирачкиот список трае до 9-ти септември. Гласачите можат да го направат тоа електронски или во просториите на ДИК. 

Увид досега направиле повеќе од 18.000 граѓани, а донесени се и 14.000 решенија за запишување граѓани во избирачки список, има седум решенија за бришење и околу 19.000 за промена на податоци.

Слично

Поврзани вести