Економија, финансии, бизнис

Контакт

26 семејства-викендаши избегале од земјотресот кај Мавровско езеро

26 семејства-викендаши избегале од земјотресот кај Мавровско езеро

Медат Куртовски, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, за Телма информира дека 26 возила, според евиденцијата на полициската контрола, ги напуштиле своите викендици по земјотресот доцна синоќа со епицентар кај Мавровското езеро.

Земјотрес од 4,9 степени по рихтер беше регистриран во Македонија во 22 часот и 17 минути со епицентар кај Мавровско езеро. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 10 километри во близина на Мавровско езеро.

Според Куртовски, викендиците во населбата не претрпеле никакви материјални штети, додека минимална е онаа на комуналното претпријатие.


Слично

Поврзани вести