26-годишно момче од Битола загина со тротинет
Битолчанецот О.П загина во тешка сообраќајка несреќа откако со електричен тротинет удрил во патничко возило.
МВР информира дека несреќата се случила вчера попладне на крстосницата од улиците .„8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј (21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П. (26) од Битола. По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што им подлегнал на повредите. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Слично
