Економија, финансии, бизнис

Контакт

25 учесници од Гемак и Парк Хотел и Спа се натпреваруваа на Скопскиот маратон

25 учесници од Гемак и Парк Хотел и Спа се натпреваруваа на Скопскиот маратон

Денес низ улиците на Скопје се одржа 13.то издание на еден од најмасовните и популарни спортски настани во Македонија, Виз Ер Скопски маратон,  на кој се пријавија и учествуваа повеќе од 8.500 учесници од 51 држава.

Меѓу пријавените е и тимот на Фитнес и Спа Парк, кој го сочинуваат тркачи од двете компании, Гемак и Парк Хотел и Спа. Овој тим кој годинава брои 25 вработени и неколку месеци интензивно преку тренинзи под надзор на Стручниот тим на Фитнес и спа Парк се подготвуваше за учество на маратонот. Гемак и Парк Хотел и Спа се компании кои внимаваат на своите вработени  и секогаш  се трудат да овозможат програми за квалитетен и здрав живот како и програми за професионална и лична надоградба. 

Од година во година Скопски маратон станува најпосетуван и најинтересен настан во Македонија. Оваа година како партнер се јавува “Парк Хотел и Спа”, кои се погрижија, натпреварувачите да добијат подарок од “Фитнес и Спа Парк” и секако обезбеди сместување за елитните тркачи на маратонот.

Во премисите на хотелот се одржа и Mаратон експо, каде пријавените натпреварувачи можеа да добијат информации за маратонот и неговите спонзори, а секако и да ги подигнат своите стартни броеви. На вториот ден од експото, Парк Хотел и Спа беше домаќин и организатор на паста забава, каде маратонците имаа можност да се запознаат и дружат пред трката. Утринава инструкторите Дарко, Едина и Марина од Фитнес и Спа Парк, беа задолжени за загревањето на сите учесници пред трката кое се одржа на Плоштад Македонија.

Парк Хотел и Спа како спонзор на настанот од оваа година, за првото, второ и трето место обезбеди вредни награди: месечни, дневни карти и многубројни попусти за Фитнес и Спа Парк.

Веруваме дека преку поддршка на вакви настани придонесуваме за развој на свеста за здрав и активен живот. Овозможуваме поддршка на организаторите, а со тоа и придонесуваме за постоењето на настани од ваков тип кои се особено важни за градот и земјата.  Гемак како мајка компанија на брендовите во рамките на Парк Хотел и Спа е особено горда што на годишно ниво дава поддршка на многубројни соработници и партнери. - изјавија од Гемак.

За дополнителни информации за идните настани и понудата на Парк Хотел и Спа, погледнете на http://parkhotel.mk/

Слично

Поврзани вести