Економија, финансии, бизнис

Контакт

2,5 милиони евра за Психијатриската болница во Бардовци

2,5 милиони евра за Психијатриската болница во Бардовци
Заврши првата фаза од реконструкцијата на  Психијатриската болница во Бардовци, со што обновени се  првото акутно одделение и одделението за психотерапија. Според Премиерот Никола Груевски реконструкцијата на објектот чинела 1,1 милион евра, а треба да продолжи на уште два објекта и вкупно ќе чини 2,5 милиони евра. „Во минатото имаше многу негативни коментари и извештаи за Македонија од меѓународните институции во врска со овој тип болници, дека тие не се во добра состојба и треба да се реконструираат. Имајќи го предвид тоа, но и реалната ситуација на теренот, ние преземавме мерки и инвестиравме средства со кои темелно ја реконструиравме оваа Психијатриска болница“, рече премиерот Груевски. Ова е првата фаза на инвестиции во вкупна вредност од 25 милиони евра во инфраструктурата во здравството, а како што рече Груевски, со градбата на новиот Клинички центар, реконструкцијата на трите згради кои ќе останат во рамки на Центарот, како и изградба на нова болница во Штип, севкупните инвестиции ќе достигнат 120 милиони евра.
Слично

Поврзани вести